Насловна
Согласно добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ве известуваме дека денес, четврток, 20.01.2022г, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Балзакова 30 (за фирма ЕУРО БИЛДИНГ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Балзакова, Дренак, Драга Стојанова, Виктор Иго и Невена Георгиева Дуња.
Триесетиедногодишниот Сашо Милошeвски беше најсреќен од 47-те верници, кои денес, во базенот Расадник во Кисела Вода, скокнаа да го фатат чесниот крст во чест на празникот Богојавление-Водици.
Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани за учество во одбележување на празникот „Богојавление – Водици“. Од оваа година, се возобновува традицијата за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот “Расадник”, во среда, на 19 јануари 2022год.
Повеќе: Ќе се фрла богојавленскиот крст, Општина Кисела Вода ги повика граѓаните да се пријават!
По добиеното известување од ЕВН и Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информираме дека денес и утре без електрична енергија ќе остане дел од Општина Kисела Вода.
Повеќе: Известување за прекин во снабдувањето со електрична енергија
Започнаа со работа негувателите на стари лица кои се јавија на распишаниот оглас од Општина Кисела Вода.
Повеќе: Пензионерите од Кисела Вода задоволни од општинскиот проект за нивна грижа