Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи петтата пленарна седница на 30 декември 2021 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи петтата пленарна седница
Билјана Блажевска од населбата 11 Октомври полесно ќе ги мине студените денови кои доаѓаат. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски слушна за нејзината потресна приказна која ја сподели бендот ДНК и се приклучи на повикот за помош.
Викендов се изврши дезинфекција со озон на неколку детски градинки на територија на општина Кисела Вода.
Повеќе: Дезинфекција со озон во неколку градинки во Кисела Вода
Нанесен е првиот слој асфалт на улицата ,,Наум Охридски", како дел од реконструктивните зафати кои ќе го решат долгогодишниот проблем на жителите од Црниче. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности кои покрај асфалтирањето по цела должина на улицата, предвидуваат и реконструкција на атмосферската канализација и нов тротоар и осветлување.
Еден убав предновогодишен настан се одвиваше денес во паркот Шопен. Хуманитарен базар во организација на Општина Кисела Вода и повеќе здруженија на деца со посебни потреби, кој освен забавен карактер, имаше и сегмент на социјална инклузија. На настанот, покрај градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.