Насловна
Општина Кисела Вода информира дека денеска заради дефект на висок напонски кабел, без напојување со електрична енергија се жителите на населбата Пинтија.
Во моментов, екипи од „ЕВН Македонија“ работат на отстранување на дефектот.
Оваа седмица во четврток на 11.03.2021 година, во барака број 7, во Општина Кисела Вода ќе се врши тестирање на кандидати за попишувачи и реонски инструктори:
Термини за тестирање
1 група
Од реден број 1 до реден број 50 со почеток од 09:00 часот
2 група
Од реден број 51 до реден број 100 со почеток од 10:30 часот
3 група
Од реден број 101 до реден број 150 со почеток од 13:00 часот
4 група
Од реден број 151 до крај со почеток од 14:30 часот
НАПОМЕНА
Се задолжуваат кандидатите кои не ги доставиле потребните документи да ги достават лично на денот на тестирање.
*Кандидатите на тестирање да дојдат 30 минути пред почетокот на нивниот термин.
( Задолжително почитување на протоколите за заштита од Covid 19)
Список на лица за тестирање, кликнете тука.
Започнува подготовката за изградба на фекална канализација на ул. Борис Трајковски на три крака во должина од 1380 метри. Со оваа интервенција жителите во Месна заедница Градинар ќе добијат фекална канализација.
Повеќе: Месната заедница Градинар ќе добие приклучок на фекална канализација
Во насока на создавање на чиста животна средина, Општина Кисела Вода овој месец ги зголеми активностите. Во сите месни и урбани заедници ќе се врши генерално чистење со специјалните општински возила опремени со канистри за вода. Ќе се преземаат групни акции за расчистување на мали и средни депонии, а кон крајот на месецов, Општината ќе започне со активности за собирање кабаст отпад, кои предвидено е да се одвиваат три седмици. За точниот датум на почетокот на активностите за собирање кабаст отпад граѓаните ќе бидат дополнително известени.
На 24 февруари 2021 започнавме со пролетното зазеленување и рехабилитација на зелените површини и паркови во Кисела Вода. За почеток во паркот Пушкин беа засадени вкупно 90 садници, од кои 10 се црвени сливи, 71 се туји и 9 се зелени декоративни топки.