Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре од 09:30 часот без вода ќе останат корисниците од населбата Усје.
Од ЈП „Водовод и канализација“, соопштија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок Ф 150 мм. на ул. „Борис Трајковски“ бб.
Изминатиот викенд, на заостанат натпревар од четвртото коло од Првата женска кошаркарска лига-запад, екипата на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода оствари уште една убедлива победа. Со резултат 110:40 (35:08, 23:15, 34:04, 18:13), баделки на домашен терен ја победија екипата на ЖКК „Гостивар“ и со предност од шест бодови се зацврстија на првото место на табелата.
Повеќе: Кошаркарките на „Бадел“ се зацврстија на првото место на табелата
Врз основа на член 46 од Законот за Урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20), на иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, објавен е јавен оглас за формирање на Партиципативно тело, кое ќе има за цел да обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање.
По соопштение од „ЕВН Македонија“, Општина Кисела Вода информира дека во понеделник, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од улиците „Михаил и Евтихиј“, „Георги Димитров“, „Вера Јоциќ“ и „Народни херои“, како и објектите на потегот од Трговскиот центар до ул. „Народни херои“.
“Секој жител и секоја куќа се важни, и во 2021 година ќе започнеме изведба на канализациона мрежа во другите делови на општината “ - истакна градоначалникот Филип Темелкоски при извршениот увид во изградбата на секундарна фекална канализација во Усје која што е во тек.