Насловна
Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Вера Јоциќ” и дел од улицата „Ѓорѓи Димитров”. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на шибер вентил ф-80мм во шахта на улицата „Вера Јоциќ” бр.12.
Денеска започна со осветлување на дел од трим патеката и за 15 дена ќе бидат поставени вкупно 25 столбови со еколошки лед светилки. Новиот парк, се простира на површина од 16.000 м2 и претставува еден од најголемите новоуредени паркови во град Скопје.
Oпштина Кисела Вода денес организираше јавна презентација на резултати од извршениот стручен надзор врз квалитет на изведени улици во општината. Презентацијата ја изврши претставник на компанијата Еуро Консалтинг Наце Гичевски, дипломиран градежен инженер. Контролата на квалитетот на извршени работи, вграден материјал и дебелина на вграден материјал е извршена во две лаборатории Еуро Консалтинг и Гранит ЕО Лабораторија. Покрај него свое излагање имаше и градоначалнкот Филип Темелковски, како и правниот застапник на општина Кисела Вода Ивица Јефтиќ.
Повеќе: Општина Кисела Вода изврши презентација од извршен надзор над квалитетот на изведените улици
Во насока на создавање на чиста и здрава животна средина за живеење, Општина Кисела Вода во селото Драчево, започна да врши активности за расчистување на една од најголемите диви депонии.
На барање на граѓаните од урбаната заедница „Кисела Вода“, на тревните површини на ул. „Димо Хаџи Димов“ бр.145, Општина Кисела Вода денеска спроведе голема акција за расчистување на мини депонија.