Насловна
КК „Ангели“ минатата седмица на два одиграни натпревари забележа победи. Кошаркарите на клубот од Кисела Вода, во четвртокот на гостински терен ја надиграа екипата на „Шкупи“, со резултат 67:61, а во неделата на домашен терен со голема резултатска разлика 80:63 ја победија и екипата на КК „Струмица“. Со последната десетта победа КК „Ангели“ останува на првото место на табелата во Втората кошаркарска лига.
Минатата седмица, ООУ „Невена Георгиева – Дуња “ за учениците од прво до трето одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство, организираше „Недела на здравјето“.
Повеќе: Во ООУ „Невена Георгиева – Дуња “ се одржа „Недела на здравјето“
По соопштение од ЕВН Македонија АД, Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 10:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од ул. Пржино.
По соопштение од РЦУК, Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Балканска“ и „Жил Верн“, како и корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа.
По соопштение од ЕВН Македонија АД, Општина Кисела Вода информира дека утре во периодот од 08:30 до 15:30 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. „Невена Георгиева - Дуња“ и ул. „368“.
Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „5“, ул. „Првомајска“ и ул. „32“, како и корисниците лоцирани над училиштето за деца со посебни потреби во село Усје.