Насловна
По соопштение од ЈП „Водовод и канализација“, Општина Кисела Вода информира дека поради изведување на водоводен приклучок со пречник на цевка од ф-200 мм на ул.„Саса“ бр.18/154, утре од 09:00 часот без вода ќе биде дел од населбата Пинтија.
Од јавното претпријатие известија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршувањето на работните активности.
По соопштение од „ЕВН Македонија“, Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 10:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улицата „Христо Татарчев“, под ресторанот Теферич.
Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека поради изведување на водоводен приклучок Ф-100 мм на улицата „Марко Орешковиќ“ бр. 124, утре од 09:00 часот, без вода ќе останат корисниците од ул. „Марко Орешковиќ“ и дел од ул. „Димо Хаџи Димов“.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, и неговата сопруга Билјана Ангелова, денеска во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, на учениците им однесоа 100 новогодишни пакетчиња, од кои 50 беа подарок од Општината и 50 од амбасадата.
Општина Кисела Вода започна со активности за уредување на паркот „Пушкин“.
Почитувани христијани,
На сите кои денеска го прославувате Христовото раѓање по Грегоријанскиот календар, со големо задоволство Ви го честитаме најрадосниот христијански празник, Божиќ.
Посакуваме Вашите срца да бидат исполнети со љубов, да имате многу здравје и постојано да Ве следи среќа. Посакуваме Христовото раѓање, како и останатите празници да продолжи да не радува и обединува во убавината која ја носат различностите, а и да не потсетува на хуманоста.
Без разлика на тоа, кој какви убедувања има, на која определба, вера и нација припаѓа, да ја следиме пораката на празниците, да се почитуваме и да си простуваме, да продолжиме да живееме во мир и слога, и заеднички да создаваме подобри услови за живеење.
Ви посакуваме радосни празнични денови!
Среќен Божиќ!
Христос се роди!
Навистина се роди!