Новости
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со претседателот на советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, денеска присуствуваше на свеченото поставување на камен темелникот на новиот станбено-деловен објект во општина Кисела Вода.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ денеска ја посетија детската градинка „8 Март“ во населбата Пржино, во општина Кисела Вода, каде децата заедно со своите воспитувачки, негувателки и родители имаат засадено разни видови зеленчук во својата градина „Тиквичка“, како дел од активностите за подигнување на свеста за здравата исхрана.
И општина Кисела Вода се приклучи кон модерните светски центри кои современо го третираат отпадот. Денес, градоначалникот на општината Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП Комунална Хигиена Ракип Дочи, ја промовираа втоfрата фаза од заедничкиот проект за подземни системи за одлагање на смет, кој стартува од Кисела Вода.
-Во минатите години ваков систем направивме во општините Центар и Чаир и искуствата се многу позитивни. Проблемите кои се појавија брзо беа надминати.
Повеќе: Во општина Кисела Вода промовиран системот за функционирање на подземни контејнери
Утре, вторник , 21.10.2014 година, во 10:30 часот, на улицата “Христо Татарчев”, спроти градинката „8 Март“ (објект Расадник), ќе биде промовиран системот за функционирање на подземните контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Кисела Вода.
На промоцијата ќе присуствуваат градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Утре, вторник, 21.10.2014, со почеток во 10 часот, ќе биде означен почетокот на шаховската лига меѓу месните заедници кои гравитираат на територијата на општината Кисела Вода. Според организаторот, одделението за спорт при општината, екипите на месните заедници ќе бидат составени од пензионери кои живеат во истата месна заедница.