Новости
Поради реконструкција на Препумната станица Драчево која вклучува менување на затварачи на усис профил ф-350 милиметри, поставување на нови мотори, пумпи и нови енергетски кабли на ден 21.10.2014 (вторник) без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од населеното место Драчево.
Масовна акција за собирање на отпад денес се спроведе во општина Кисела Вода, како дел од проектот „Македонија без отпад 2014“ на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.
Повеќе: Масовна акција за чистење "Македонија без отпад" во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода се вклучува во акцијата за чистење „Македонија без отпад 2014“. Утре, со почеток во 9 часот наутро, на повеќе локации низ територијата на општината ќе започат активности за расчистување на отпадот и за подигање на свеста за негово правилно третирање.
Повеќе: Акцијата за чистење "Македонија без отпад" утре ќе се спроведува во општина Кисела Вода
Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Фредерик Шопен и голем концерт на триото ВивАрт, денеска општина Кисела Вода ја одбележа 165 годишнината од смртта на овој голем музичар. На настанот на кој присуствуваа градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ и амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски, на сцена беа донесени Шопеновите најпопуларни полонези и мазурки кои се запишани во историјата на светска музика.
Повеќе: Општина Кисела Вода одбележа 165 години од смртта на Фредерик Шопен
Во петок, 17.102014, општина Кисела Вода организира свечено чествување на музичкиот великан Фредерик Шопен. Имено по повод 165 години од смртта на овој музичар, сакаме да ги поканиме сите жители на општината , па и надвор од границите на оваа територија, да дојдат во паркот Шопен, лоциран непосредно до општината, каде ќе можат да уживаат во едно културно доживување, инспирирано од овој уметник.
Повеќе: Во петок музички концерт во парк Шопен, во знак на сеќавање на овој полски музички великан