Новости
Градот Скопје од денеска /14.10.2014 година/ воведува нов сообраќаен режим на булеварот Борис Трајковски, на преминот преку железничката пруга кај населбата Усје каде што е поставена нова патна и железничка сигнализација. На денешната презентација на новата сигнализација која ќе овозможи безбедно одвивање на сообраќајот преку железничката пруга присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски,градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и директорот на Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Асани .
Повеќе: Зголемена безбедноста во сообраќајот кај железничкиот премин кај Усје
Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска го посетија објектот на старото кино во ова општина, кој се реконструира и адаптира во нов мултифункционален објект Дом на култура. Се планира објектот да биде целосно завршен до крајот на 2015 година.
Утре, понеделник, 13.10.2014, во 11:00 часот градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе извршат увид во градежните активности во новиот Дом на култура во населба Кисела Вода.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 11 Октомври, симболот на отпорот на македонскиот народ и продолжувањето на вековната борба за самобитност и самостојност на нашите предци.
Сплотеностa и единството кои биле столб на оваа борбата за слобода самобитност, нека и денес, кога живееме во самостојна и независна Македонија, бидат наша водилка за важните прашања, за стратегиските цели кои стојат пред нашата држава!
Нека ни е вечен Денот на народното востание против фашизмот!
На сите граѓани со исламска вероисповед, општина Кисела Вода им го честита големиот празник Курбан-Бајрам. Празнувањето на овој голем ден, кој во својата суштина ги има најголемите човечки вредности-обединувањето, споделувањето и милосрдието, нека Ви донесе мир, хармонија и благосостојба. Нека е честит!