Новости
И градинката "Весели цветови"-објект "Синоличка", се приклучи кон проектот "Градина во детските градинки" , кој се спроведува од страна на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и детските градинки ширум Република Македонија.
Повеќе: Новоотворена градина во градинката ” Весели цветови”-објект “Синоличка”
Утре, понеделник, 27.10.2014, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 11:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Претставници на општина Кисела Вода и тимот на Гоу Грин денес остварија посета на училиштата на оваа територија, каде интензивно трае проектот за собирање на отпадни батерии Гоу Клин. Освен што беше направена проценка на досега собраните батерии, тие поделија и мали кантички кои ќе се постават во секоја училница. Целта на кантичките е да се развие свеста кај учениците и наставниците и да се стимулира натпреварот во собирање на батерии.
Повеќе: Доделени мали кантички за батерии зa училиштaта во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода Ви го честита големиот државен празник, 23-ти Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација. Визијата на нејзините основачи кои сонуваа за независна, суверена, демократска и европска Македонија, денес ја славиме во сопствена, независна државa. Нивниот остварен сон, а наша сегашност, значи должност за продолжување на патот кој води кон сплотена и силна Македонија, која ќе ја оставиме на генерациите што доаѓаат!
Нека ни е вечен Денот на Македонската револуционерна борба!
Денес во ООУ „Кузман Шапкарев“ беше спроведена заедничка активност со учениците од партнер – училиштето „Наим Фрашери“ од општината Студеничани, како дел од проектот Меѓуетничка интеграција во образованието.