Новости
Општина Кисела Вода Ви го честита 8 Септември, денот на независноста на Република Македонија! Денес, кога одбележуваме 23 години независност, сувереност и самостојност, посакуваме заеднички да славиме уште многу години успех и просперитет на нашата држава!
Нека ни е честит и вечен денот!
За многу години Македонија!
По известување добиено од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по информација добиена од ЕВН Македонија АД, ги известуваме граѓаните дека заради технички зафати во електро-системот денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улиците "Банско", "Востаничка" и "Наум Охридски". Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде меѓу 09:00 и 13:00 часот.
Процесот на решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти во општина Кисела Вода продолжува со несмалена динамика. Денешното јавно доделување на решенијата за легализација на дивоизградените објекти на уште 50тина жители од овој дел од градот им овозможи легална сопственост на своите домови.
Повеќе: Легализирани нови 47 дивоградби во општина Кисела Вода
Денес (03.09.2014), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 11:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Поради изведување на два водоводни приклучоци со профил ф-150 и ф-80 милиметри на улица "Партение Зографски" бр.28 и на улица "Востаничка" бр.2, денес, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците "Востаничка" и дел од "Партение Зографски" од 09:00 часот па се до изведба на истите.