Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги посети децата со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” и во таа пригода им додели ваучери за бесплатно зимување во Берово. Градоначалникот Беличанец – Алексиќ, предвидените средства за репрезентација во буџетот на Општина Кисела Вода за 2013 година ги пренамени за подмирување на трошоците за реализација на зимувањето. За ова зимување да биде реализирано претходно беше обезбедена согласност од страна на сите родители. Зимувањето ќе се реализира во периодот од 09.01.2013 година до 15.01.2013 година, со обезбеден полн пансион. Советот на Општина Кисела Вода, претставуван од Претседателот Трајче Донев, донираше пакетчиња, додека добронамерници од општината донираа обувки и топла облека.
Во понеделник (30.12.2013), градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ќе ги посети децата со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу”, кои ќе заминат на бесплатно зимување во Берово, финансирано од Општина Кисела Вода. (ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, 11:00 часот).
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Поради изведување на приклучок профил Ф-200 милиметри на улицата “Саса” крак 18, денес 27.12.2013 година од 10:30 часот, па се до завршување на истиот без водоснабдување ќе останат околу 100 корисници од населбата Пинтија.
Праксата за доделување решенија за легализација на бесправно изградени објекти во Кисела Вода на неделна основа, продолжува. Денес (27.12.), градоначалникот Беличанец – Алексиќ предновогодишно израдува 45 жители на општината и им додели решенија за легализација.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ предновогодишно додели 45 решенија за легализација
Во петок, (27.12.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.