Новости
Општина Кисела Вода и оваа година ја продолжува традицијата на наградување и стимулирање на талентираните ученици и спортисти од основните училишта и наградување на најдобрите просветни работници од основните училишта и јавните детски градинки кои опстојуваат на територијата на општината.
Кисела Вода има таленти кои ја позиционираат високо на меѓународната спортска сцена и тоа е успех кој Општината треба да го цени, вреднува и награди, беше заклучокот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој оствари средба со Иван Ѓорѓиовски, освојувач на бројни медали во теквондо натпреварувањата.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, попладнево беше дел од одбележувањето на 77-годишнината на детската градинка “Весели Цветови”.
Општина Кисела Вода започна со санација на улицата “Јанко Мишиќ”. Во наредните 10-тина дена на оваа фреквентна улица лоцирана во јадрото на населбата Драчево ќе се гребе оштетениот асфалт и целосно ќе се замени со нов.
Повеќе: Се санира улицата “Јанко Мишиќ” во населбата Драчево
Новите шампиони во женска кошарка во Македонија, Бадел 1862, денес беа на прием кај градоначалникот на Кисела Вода. По минатонеделниот успех каде на гостински терен во Македонска Каменица, спортистките од најтрофејниот женски кошаркарски клуб во Македонија повторно запишаа победа и стигнаа до 14-тата вкупна освоена титула.
Повеќе: Благодарница и зголемена финансиска поддршка од Кисела Вода за шампионките од “Бадел 1862”