Новости
Во седмицата кога уште еднаш се одбележува големото дело на браќата Кирил и Методиј, суштински поврзано со почетокот на создавањето на македонскиот книжевен јазик, Општина Кисела Вода организираше трибина насловена „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“.
Повеќе: Трибина за глаголицата и кирилицата вечерва во Кисела Вода
Женската кошаркарска екипа Бадел 1862 е нов шампион на Македонија. Прволигашите од Кисела Вода успеаа да го запишат третиот триумф во финалната серија, против бранителот на титулата Баскет Кам 2021 и со тоа да стигнат до 14-тата вкупна освоена титула.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод 24 мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.
Повеќе: Честитка од градоначалникот Ѓорѓиевски по повод “Св. Кирил и Методиј”
Во тек се градежни активности во АД “Цементарница Усје”, каде се врши пренамена на простор за отворање на нов противпожарен дом во Кисела Вода. Денес, кога се одбележува Денот на пожарникарите, градоначалниците на Кисела Вода и на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска извршија увид во напредокот на проектот кој ќе овозможи побрза реакција при несаканите настани, пред се’, за жителите од Кисела Вода и околината.
Повеќе: Градоначалниците Ѓорѓиевски и Арсовска на увид во идниот противпожарен дом во Усје
Пуштени се во функција двете сензорни соби кои ги опреми Општина Кисела Вода во соработка со “Биотек”. Со тоа, децата со посебни потреби во основните училишта “Кузман Шапкарев” и “Кузман Јосифовски Питу”, добија просторија која е прилагодена со реквизити, посебни материјали и сензорно осветлување, кое докажано има смирувачко дејство.