Новости
350 хуманитарни оброци донираше денес градоначалникот на Општина Кисела Вода за социјално загрозените лица. На бездомниците, на децата од улица, на лицата во домовите, им беа доставени пакети со оброк кои, барем малку ќе им го разубават денешниот празничен ден.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски обезбеди празничен ручек за 350 социјално загрозени лица
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кисела Вода, заедно со Агенцијата за вработување, Општина Кисела Вода упати јавен повик за времено ангажирање на негуватели за јавните детски градинки на оваа територија. Евидентираните невработени лица кои сакаат да се вклучат во Програмата Општинско - корисна работа треба да поседуваат лиценца. Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува пет месеци.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со претставници од УНДП. На самиот почеток, тој им се заблагодари за сите досега реализирани проекти во општина Кисела Вода. Потоа, направи кус осврт на планираното во претстојниот период и ги мапираше областите во кои е можна меѓуинституционалната соработка.
Течат градежните работи за продолжување на булеварот “Борис Трајковски” до населбата Драчево. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со претставници од Градот Скопје кој е директно задолжен за изведбата, во координација со Кисела Вода, извршија увид во динамиката на активностите на терен. На овој потег кој води од населбата Пинтија до влезот на Драчево, пред мостот на Маркова река, се изведува модерно булеварско решение во должина од над два километри, кое е продолжение на булеварот кој води низ Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски на увид во проширувањето на булеварот Борис Трајковски до Драчево
Училишната библиотека на ООУ “Невена Геориева Дуња”, од денес е збогатена за 100 нови книжевни изданија на француски јазик. Се работи за донација од француската фондација “Bel Ideal”, која обезбеди книги, стрипови и раскази наменети за учениците од петто до девето одделение што го изучуваат овој јазик.
Повеќе: ООУ “Невена Геориева Дуња” доби донација од 100 книги на француски јазик