Новости
Со 13 гласа за и 9 воздржани, Советот на Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2022 година. Фокусот е ставен на развојот, а кратење е направено во непродуктивните трошоци. Па така, ако Буџетот за 2021 изнесуваше 1,2 милијарди денари, Буџетот за 2022 година изнесува 896 милиони денари, односно непродуктивните расходи се скратени за 5,5 милиони евра. На последната седница во 2021 година, Буџетот го елаборираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека истиот е развоен, односно дека во 2022-ата се предвидени 10 нови развојни програми.
Повеќе: Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2022 година
Денес, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одржа прес конференција, на која беше презентиран првиот дел од реализацијата на проектот “Стоп за урбаната мафија во Кисела Вода”. Обраќањето ви пренесуваме во целост.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски одржа прес конференција на тема "Стоп за урбаната мафија"
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, неговата екселенција Џанг Ѕуо.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
Благодарница за афирмација на Општина Кисела Вода и развојот на спортот, денес од градоначалникот Ѓорѓиевски доби македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски. Овој успешен спортист од Драчево, кариерата ја започна во фудбалскиот клуб “Цементарница” од Кисела Вода, а потоа го носеше напаѓачкиот дрес и во клубови во Хрватска, Белгија, во Италија и Шпанија, како и во Дански “Алборг”. На средбата во Општина Кисела Вода, репрезентативецот Трајковски на градоначалникот Ѓорѓиевски му подари дрес од македонската репрезентација.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на воведните работи во реконструкцијата на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”. Во ова училиште ќе се врши промена на кровната конструкција, ќе се постави нова термоенергетска фасада, а со изградбата на лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, објектот ќе стане целосно достапен за лицата со посебни потреби.