Новости
Претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски, со претставници од општинската администрација, денес беше во градинката “8 Март”, објект “Пржино”, каде на сите дечиња им беа доделени пакетчиња, како донација од Општина Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода даруваше пакетчиња на дечињата од ЈДГ 8 Март
Во пресрет на претстојните празници, во сабота, 25.12.2021 год. во Паркот Шопен ќе се одржи Новогодишен хуманитарен базар. Истиот е во организација на градоначалникот на Кисела Вода, Здружението „Куќа на среќата“ и „Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа“- Скопје.
Повеќе: Во сабота бидете дел од Новогодишниот хуманитарен базар во Паркот Шопен!
Во контекст на ниските температури и најновите прогнози за временските услови според кои постои можност и за првиот снег во Скопје, Општина Кисела Вода информира дека ги изврши сите подготовки за справување со евентуалните снежни наноси и замрзнати јавни површини.
Повеќе: Општина Кисела Вода подели 400 вреќи со сол во училиштата, градинките и во месните заедници
Голема акција за чистење на диви депонии тече во општина Кисела Вода. Од саботата, во континуитет се работи на неколку од мапираните црни точки кои несовесните граѓани ги узурпирале со фрлање на градежен шут, покуќнина и друг цврст отпад.
Повеќе: Исчистени депониите кај Хемтекс и по насипот од реката Мала Рада
Стручно едукативно предавање се одржа денес за учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, во рамки на регионалната кампања за контрола на бездомните кучиња во балканските земји под мотото „Биди негов херој“.
Повеќе: Кампања за контрола на бездомните кучиња во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“