Новости
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. И во ова, и во сите останати 10 училишта во општина Кисела Вода, денес беше реализиран проектот Компјутер за секој наставник, кој има за цел подигнување на квалитетот на наставниот процес во општинските училишта.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Обезбедивме компјутер за секој наставник од училиштата во Кисела Вода
Крводарителска акција во моментов се одвива во големата сала на Општина Кисела Вода. Акцијата ја организираат Општина Кисела Вода и Oпштинската организација на Црвен крст – Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
Кошаркарките на Бадел 1862 со втората, едноподруго победа над српската спортска институција, белградски Партизан, испишаа нова кошаркарска историја на Македонија. Резултатот од 58:46 само ја дефинираше неверојатната верба на кошаркарките од Кисела Вода во своите можности и желбата за пласман, докажување и надигрување со најдобрите европски екипи во WABA лигата.
Повеќе: Бадел 1862 го “преслуша” Партизан, градоначалникот Ѓорѓиевски честиташе
„Среќна и безбедна 2022 година во семејно и пријателско дружење“ е кампањата што ја започна Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Општина Кисела Вода и ОБСЕ, со цел да се подигне свеста за последиците од користењето на пиротехничките средства.
Повеќе: Кампања против користење на пиротехнички средства во општина Кисела Вода
И денес продолжува вчера започнатата акција за чистење на Драчево. На потегот од населбата Драчево, се до манастирот Св. Руса во Пеленица, интензивно работат голем број на сезонски работници, ангажирани преку Секторот за месни заедници при Општина Кисела Вода.
Повеќе: Генерално чистење на потегот од населба Драчево до Пеленица