Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во својот кабинет оствари работна средба со тимот од Светска банка, предводен од претставникот на Светската Банка, Беким Имери и главниот координатор на вториот МСИП проект, Тања Томиќ.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со претставници од Светска Банка
Од утринава во населбата Расадник интензивно се работи. Се мијат улиците, се перат плочниците и тротоарите, се метат паднатите лисја, се врши косење на нараснатите тревни површини, се чистат мини депониите.
Повеќе: Од Расадник започна генералното чистење на општина Кисела Вода
Првата седмица од преземањето на градоначалничката функција, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја заокружи со 100 потпишани решенија за легализација. 100 Семејства од општина Кисела Вода синоќа лично од него и од тимот составен од дел од администрацијата и советниците од Советот, го добија документот со кој нивниот објект стана легален.
Повеќе: Ѓорѓиевски потпиша и лично достави 100 решенија за легализација во Кисела Вода
На свечена седница, денес се конституираше новиот Совет на Општина Кисела Вода. Верификувани беа мандатите на 23-цата нови советници кои во следните четири години, заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе носат решенија во интерес на жителите од овој дел на градот. На функцијата претседател на Советот на Општина Кисела Вода, беше избран Иван Живковски.
Општина Кисела Вода започна со реконструкција на улицата “Наум Охридски” во населбата Црниче. Ќе биде целосно асфалтирана, а ќе добие и нов тротоар и осветлување.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Нудиме целосно инфраструктурно решение за улицата "Наум Охридски"