Новости
Општина Кисела Вода ве известува дека во петок, 20.08.2021 год., во Голема сала во барака 7, општина Кисела Вода, со почеток во 09:00 часот, ќе се одржи тестирање на пријавените кандидати за попишувачи.
Повеќе: Во петок тестирање на кандидати за попишувачи во просториите на општина Кисела Вода
Од името на сите свои жители, Општина Кисела Вода упатува честитки до сите припадници на македонската Армија кои денес го одбележуваат 18 август. Вашата посветеност кон работата, професионализмот и подготвеноста да се помогне кога е најпотребно, се потврда за вашите заложби за унапредувањето на мирот и на безбедноста за сите граѓани. Ви благодариме што ни овозможивте и овој Ден на Армијата да го чествуваме гордо и достоинствено!
Заврши јавниот оглас за ангажирање на негуватели за стари лица преку програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Се грижиме за возрасните”, која Општина Кисела Вода ја спроведува во соработка со УНДП. Невработените лица кои аплицираа на овој повик и кои ќе бидат избрани, ќе бидат задолжени за помош на стари лица кои живеат сами во домашни услови и имаат потреба од помош во извршување на секојдневните обврски и активности.
Повеќе: Општина Кисела Вода и УНДП времено ангажираат негуватели за стари лица
за Предлог ДУП за Градска Четврт Ј15, Блок 15.04, Општина Кисела Вода, плански период 2019-2024 година
Населено место Припор
Време и место на одржување на јавна анкета
Јавната анкета по Предлог ДУП за Градска Четврт Ј15, Блок 15.04, Општина Кисела Вода, плански период 2019-2024, ќе се спроведе со излагање на предлог - Планот во просториите на Општина Кисела Вода (барака 7) –Голема сала, како и на веб страната на Општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk.
ЈАВНАТА АНКЕТА ЌЕ ТРАЕ ПОЧНУВАЈКИ ОД 12.08.2021 – 27.08.2021 ГОДИНА
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во архивата на Општина Кисела Вода (барака 6),секој работен ден од 08:30-16:00 часот, како и преку информацискиот систем e-urbanizam.
Местоположба и површина на опфатот на планот
Опфатот е со површина од 36,71 ха.
Планскиот опфат по осовини на сообраќајници е:
-на исток и на југ се движи по осовината на собирната улица „Христо Татарчев“ – крак (ул. „Сава Ковачевиќ“), како што е планирана со ГУП на Град Скопје 2012-2022,
- на запад и на север се движи по осовината на новопланираната сервисна улица „С1“,како што е планирана со УПЧ Ј 15 Скопје 2013-2022.
Отпочнаа градежните активности за санација на ул. “Малешевска 1” во населбата Драчево. Екипите на фирмата изведувач “Топ Билд”, ангажирана од општина Кисела Вода, од денес започнаа со копање на постојниот асфалт кој е видно оштетен.
Повеќе: Општина Кисела Вода започна со санација на улица “Малешевска 1” во должина од 1.3 км