Насловна
Од денеска до сабота, општината Кисела Вода е домаќин на државното првенство во кошарка – училишен спорт (основни училишта). За шампионската титула покрај домаќинот ОУ "Невена Георгиева Дуња" и ОУ"Владо Тасевски" како претставници од градот Скопје, учество ќе земат основните училишта: “Васил Главинов” – Велес, “Славчо Стојменски” – Виница, “Димката Ангелов – Габерот “– Кавадарци и “Св.Климент Охридски” – Битола. Жребањето е закажано за 12 часот, салата "Независна Македониjа" во ОУ “Невена Ѓорѓиева-Дуња”, свеченото отварање ќе биде во 13.30 минути, а веднаш потоа ѓе се одиграат четири натпревари.
,,Просветителите“ ја забележаа четвртата победа во сезоната. Во премиерниот натпревар од пролетната сезона во кошаркарската лига, избраниците на тренерот Мартин Мартиновски со резултат 50:33 славеа над своите врсници од ОУ “Круме Кепески”. Инаку, натпреварот во голем дел од средбата беше израмнет.
Повеќе: Четврта победа за кошаркарите од ОУ “Партеније Зографски”
Дел од корисниците од скопското село Усје, утре од 9:30 до 16:00 часот ќе биде без електрична енергија. Прекините, како што информира РЦУК – Скопје, се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во реоните.
Општина Кисела Вода се вклучи во проектот за селекција на отпадни батерии ”Гоу Клин”, започнат пред 3 години по иницијатива на шведската амбасада, чија реализација е овозможена со поддршка на Норвешката Амбасада во Белград. Целта на проектот е да се поддржи имплементацијата на Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори односно да се зајакнат капацитетите на општините во поставување на системот за управување со отпадни батерии, да се развие свеста кај граѓаните и да се вклучат младите во промотивна кампања со која ќе се собере 1000 кг на отпадни батерии.
Повеќе: Општина Кисела Вода-дел од проектот за батерии "Гоу клин"
Нови 50 семејства од општина Кисела Вода денес ги добија решенијата со кои нивните диво изградени објекти се легализираа. Со денешната легализација на дивоградбите, вкупниот број на решени предмети се искачи на 2539, што значи дека техничките мерки кои општина Кисела Вода ги воведе во насока на подобрување на динамиката на решавање, ги даваат своите резултати. Ова е посебно важно, ако се земе предвид дека општина Кисела Вода е неславен лидер по бројот на дивоградби на своја територија. Сепак, се’ уште е голем бројот на граѓани кои немаат доставено геодетски елаборати кои, пак, се основен предуслов за стекнување на права и легална сопственост на објектите.