Насловна
Во текот на утрешниот ден , во период од 09:00 до 11:30 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има на улицата "Кавалска" во општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода го одбележа Националниот ден на Унгарците, 15 март. Денот кога во 1848 година започна Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна Унгарија.
Поради изведување на инвестициски зафати во електроенергетската мрежа од страна на ЕВН Македонија АД, во текот на утрешниот ден , дел од улиците во општина Кисела Вода, ќе остане без напојување со електрична енергија во одреден период од денот.
Повеќе: Известување за прекини во снабдувањето со електрична енергија
По известување добиено од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги информираме жителите на населба Пинтија дека утре, петок , без струја ќе останат улиците 18 и 32, во периодот од 08:00 до 13:00 часот.
Трибина на тема, “Современ училишен спорт”, се одржа денес во Големата сала на општина Кисела Вода. На неа беа презентирани можностите за развој на спортската инфраструктура во образовниот систем, преку создавање на основни услови за успешно функционирање на училишниот спорт.