Новости
Во четврток, (07.11.2013) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим ги продолжуваат посетите на месните и урбани заедници во општината. Согласно динамичниот план, утревечер (06.11.) општинските претставници ќе имаат средби со жителите на населените места Усје и Припор.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ќе ги посети месните заедници Усје и Припор
Еден од врвните приоритети во работата на Општина Кисела Вода претставува инвестирањето во образованието и создавањето добри услови за работа и одвивање на воспитно-образовниот процес во основните училишта. Со санација и модернизација на училиштата, учениците добиваат пријатна и инспиративна клима за учење, а наставниците здрава работна средина.
Повеќе: Подрачното основно училиште “Круме Кепески” со нов лик
Иако во новата сезона повеќе екипи ја најавија фаворитската улога во лигата во мал фудбал, сепак, по одиграните три кола, квалитетот е на страната на основците од ОУ “Рајко Жинзифов”. На трите средби избраниците на професорот Благоја Кечовски забележаа исто толку победи. Во третото коло во драчевското дерби, ,,Рајко“ го совлада ,,Шапкарев“ со 3:0. Во останатите средби се постигнаа следните резултати: ,,Партеније Зографски- Круме Кепески 1:4, Невена Георгиева Дуња – Кирил Пејчиновиќ 2:1.
Во вторник, (05.11.2013) во 10:30 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и амбасадорот на СР Германија во Република Македонија, Н.Е. Гудрун Елизабет Штајнакер ќе го посетат подрачното основно училиште “Круме Кепески” во нас. Припор, кое се реконструираше со донација од Германската амбасада.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.