Новости
Велес- лулка на поезијата. Во чест на поетот на обесправените, тутуноберачите, копачите, поетот на народната душа – великанот Коста Солев Рацин, на 1-ви и 2 -ри ноември во Велес се одржаа 46-те по ред Детски Рацинови средби. Се собраа млади поети и уметници од одбрани училишта од Македонија, кои претходно аплицираа на конкурсот објавен од градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. Ученици од сите основни училишта од општината Кисела Вода зедоа учество на ликовно-вајарската и литературната работилница.
Повеќе: Младите поети и уметници од Кисела Вода учествуваа на 46 –те Детски Рацинови средби во Велес
Градот Скопје ја продолжува традиционалната есенска акција за доделување садници на сите заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто ќе додели 3 000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП „Паркови и зеленило“. Садниците коишто ќе ги додели Градот Скопје ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП „Паркови и зеленило“.
Повеќе: Градот Скопје ќе додели садници на урбани и месни заедници и куќни совети
Градот Скопје ги информира граѓаните дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во периодот од 4 до 10 ноември ќе се врши замена на старите семафорски контролери на крстосниците по должината на булеварот Борис Трајковски.
Повеќе: Замена на семафорските контролери на булеварот “Борис Трајковски”
Еден од основните предуслови за квалитетно живеење, особено во урбаните средини е постоењето на добра комунална инфраструктура. Во голем дел во општината Кисела Вода не постои изградена атмосферска канализациона мрежа или постои, но не е со капацитет целосно да ги прифати атмосферските води. Неизграденоста пак на канализационата мрежа ги принудува луѓето да ги испуштат искористените отпадни води во непосредна близина на нивните живеалишта, односно во веќе постоечкиот мешан систем на канализација. Со цел за обезбедување на нормални и квалитетни услови за живот, Општина Кисела Вода во изминатиот период започна интензивни градежни активности за изградба на нови канализациони мрежи.
Повеќе: Се гради атмосферска канализација на улиците “Локов” и “Ѓорѓи Димитров” во Кисела Вода
Оваа рaботна седмица актуелни се квизовите за протипожарна заштита во основните училишта во Општина Кисела Вода. Во вторникот (29.10.) квиз натпревар по противпожарна заштита се одржа во ОУ “Круме Кепески”, додека пак, во средата (30.10.) ваков натпревар се одржа во ОУ “Св. Климент Охридски“ во село Драчево, каде учество зедоа екипите на основните училишта: ”Св.Климент Охридски“, “Кузман Шапкарев“, “Рајко Жинзифов“ од населба Драчево и ОУ “Марко Цепенков“ од село Зелениково.