Новости
Во рамките на програмските активности за развој на противпожарната заштита на Општина Кисела Вода и одлуката на Противпожарниот сојуз на Република Македонија, Општинскиот Противпожарен Сојуз - Кисела Вода и оваа година организира квиз натпревар по противпожарна заштита во соработка со сите основни училишта од Кисела Вода. Секое училиште учествува со екипи, квизот се одржува во два дела, полуфинални натпревари по пат на тестирање и финални натпревари на првопласираните екипи.
Дел од Драчево и повеќе скопски села денес ќе останат без струја во одредени периоди од денот, поради зафати од страна на екипите на ЕВН Македонија за подобрување на мрежата.
Така од 8 до 16 часот, струја ќе нема во дел од Драчево, поточно за корисниците околу стариот пат кон селата Батинци, Љубош, Драчевица, Цветово и Палигора. Претпладне од 8.30 до 10.30 часот, без струја ќе остане и улицата Сава Ковачевиќ бр. 79Б во Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 – 12:00 часот, денес без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ратко Митровиќ“ во населба Драчево, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.
По четврти пат, градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска додели ваучери на 53 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош.
-“Со мерката која Општина Кисела Вода за прв пат ја применува од оваа година, искрено се надевам дека ќе дадеме скромен поттик и стимул за семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња” – порача Беличанец – Алексиќ.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ додели нови 53 ваучери за новороденчиња
Во сабота, (26.10.2013) во 11:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на 53 семејства со новороденчиња од општината.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.