Новости
Во петок, (18.10.2013) во 10:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно-изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Општина Кисела Вода во рамките на своите активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура на нејзината територија, а согласно годишната Програма за комунални дејности започна со реконструкција на повеќе улици. Имено, во моментов екипи на фирмата “Пелагонија АД Гостивар”, по налог на општината започна со реконструкција на улицата “Речиште 2” во селото Драчево.
Повеќе: Се реконструира улицата “Речиште 2” во селото Драчево
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните дека денес без струја ќе останат повеќе делови од градот и околината. Прекин во електричната енергија ќе имаат и дел од жителите на Општина Кисела Вода. Имено, во периодот од 9 до 17 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците “Рилски Конгрес”, “Банско” и “Кратовска” во Општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода од понеделник (21.10.2013) ќе започне акција за есенска дератизација на јавните површини на нејзината територија. Со постапката за уништување на глодарите ќе бидат опфатени сите јавни површини, а во 3226 шахти ќе се постават по два мамци.
Уништувањето на глодарите ќе заврши за две недели, а акцијата ќе ја изведе ЈЗУ “Центар за јавно здравје – Скопје”.
Дератизација на јавните површини во општината Кисела Вода се врши два пати во годината, напролет и наесен.
Учениците од ОУ ”Кузман Јосифовски –Питу” во чест на годишнината на смртта на Тоше Проески, кој се одбележува секоја година на 16-ти Октомври, реализираат неколку активности. И годинава учениците подготвија приредба и интерен литературен конкурс со авторски творби за животот на балканската музичка ѕвезда која прерано го загуби животот.