Новости
Детската уметничка група “Дивјаци”, формирана во рамките на библиотекарските активности во ОУ „Кирил Пејчиновиќ”, заедно со библиотекарот од ова основно училиште Анета Г. Велкоска, во периодот од 26-27 септември, земаа учество на Детската Книжевна Колонија во Ниш и Дољевац. Дванаесетте ученици од осмо одделение - осмолетка во рамките на дводневната посета реализираа неколку активности.
Повеќе: Ученици од ОУ „Кирил Пејчиновиќ” на меѓународен фестивал во Србија
Во среда (02.10.2013), со почеток во 13:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, во организација на општината ќе се одржи инфорамтивна трибина за однесувањето и облекувањето на воспитно-наставниот кадар на тема: “Нашата облека – говор без зборови”.
Трибината е во организација на одделението за предучилишно воспитување во општината и е наменета за вработениот воспитно-наставен кадар од основните училишта и јавните детски градинки. Предавач ќе биде директорот на Академијата за протокол на Македонија, Лукреција Маљковиќ Атанасовска.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ќе ги посети урбаните заедници Расадник, Цветан Димов и Бирарија
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ заедно со раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на министерствата и оваа работна седмица ќе продолжи со посетите на месните и урбани заедници. Имено, утре (01.10.2013), во 18:30 часот, општинските претставници ќе ја посетат урбаната заедница “Расадник”, додека пак во 20:00 часот, во големата сала на општината, ќе се сретнат со жителите на “Цветан Димов” и “Бирарија”.
Паркот “Шопен” во Кисела Вода, вчеравечер беше средиште на вистинско музичко и културно доживување. Преку 500 граѓани присуствуваа на културниот настан “Ден на музиката на Шопен”, кој го организираше Општина Кисела Вода. Присутните граѓани можеа да уживаат во звуците на вонвременската Шопенова музика за пијано, во изведба на професорот во МБУЦ “Илија Николовски – Луј”, г-ѓа Даница Стојанова и нејзините студенти, кои одржаа целовечерен концерт на отворена сцена. Поводот за овој културен настан беше тригодишнината од пуштањето во употреба на паркот “Шопен”, кој во 2010 година се изгради во чест на 200-годишнината од раѓањето на полскиот композитор, великанот на музиката Фредерик Шопен.
Утре (29.09.2013) во паркот “Шопен” (во близина на ОУ “Невена Георгиева – Дуња”), со почеток во 17:00 часот, во организација на општината Кисела Вода ќе се одржи културниот настан “Ден на музиката на Шопен”. Граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на вонвременската Шопенова музика за пијано, која е комбинација од уникатен ритмички осет. За целосно доживување на неговата музика, ќе се погрижи професорот во МБУЦ “Илија Николовски – Луј”, г-ѓа Даница Стојанова и нејзините студенти, кои ќе одржат целовечерен концерт на отворена сцена.