Новости
На 5-ти Октомври (сабота) ќе се одржи националната акција за чистење и развивање на свеста околу отпадот. Проектот има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад. Општина Кисела Вода и годинава активно ќе се вклучи во оваа традиционална акција со чистење на неколку локации.
Повеќе: Општина Кисела Вода ќе се вклучи во акцијата “Македонија без отпад 2013”
Денеска (02.10.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, во организација на одделението за предучилишно воспитување се одржа трибина на тема: “Нашата облека – говор без зборови”. Информативното предавање беше наменето за воспитно-наставниот кадар од јавните детски градинки и основните училишта од општината Кисела Вода.
Организаторот на трибината, раководителот на одделението за предучилишно воспитување, Ирина Момироска ја отвори трибината, ги поздрави присутните и ја потенцираше суштинската улога на просветните работници и нивниот изглед во процесот на едукација и образување на најмладите. Задоволна од одзивот и присуството, Момироска најави дека и во следниот период ќе организира јавни трибини во чиј фокус ќе бидат токму најмладите жители на општината.
Повеќе: Се одржа трибина за однесувањето и облекувањето на воспитно-наставниот кадар
Вчера (01.10.2013) во 5 основни училишта во општината Кисела Вода започна бесплатната обука за основни познавања од информатика и англиски јазик за жителите на општината, без разлика на нивната возраст.
Обуките ги одржуваат наставниците по информатика и по англиски јазик во основните училишта “Св. Климент Охридски”, “Круме Кепески”, “Рајко Жинзифов”, “Кузман Јосифовски Питу” и “Кирил Пејчиновиќ”.
Повеќе: Започнаа бесплатните обуки за англиски јазик и информатика
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, раководителот на секторот за месна самоуправа во општината, Марјан Стојанчевски и претседателот на советот на урбаната заедница “Расадник”, Драган Ласков вчеравечер официјално го пуштија во употреба новиот објект на оваа урбана заедница и реализираа средба со граѓаните од оваа населба.
Урбаната заедница “Расадник” е 15-тата урбана заедница која се организира во Општина Кисела Вода, со која се овозможува демократско и поефикасно исполнување на интересите на граѓаните од овој дел од општината.
Повеќе: Официјално пуштена во употреба урбаната заедница “Расадник”
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните дека денес без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Бихачка, ул. Томе Арсовски и ул. 474 ( општина Кисела Вода ) во периодот од 08.30 до 15.00 часот.