Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот на општината, Трајче Донев денеска ја посетија јавната детска градинка “8-ми Март” во Пржино, на која во изминатиот период се изведуваа градежни работи за поставување на нов покрив.
“-Градинката “8-ми Март” во Пржино е изградена во 1979 година и оттогаш не се изведени некои поголеми реконструктивни зафати на оваа градинка. Општина Кисела Вода ја увиде оваа ситуација и веднаш се зафати за работа” – изјави градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
Во четврток, (10.10.2013), во 10:00 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ќе ја посети детската градинка “8-ми Март” во Пржино, на која завршија градежните активности за реконструкција на покривната конструкција.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Со кошаркарски натпревар помеѓу екипите на ОУ “Невена Георгиева – Дуња” и ОУ “Круме Кепески” започна новата сезона во училишниот спорт во Општина Кисела Вода. На отворањето на новата сезона присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ која додели благодарници на Агенцијата за млади и спорт, Кошаркарската федерација на Македонија, Фудбалската Федерација на Македонија и Одбојкарскиот клуб “Јанта Волеј”, а додели и диполоми на трите најуспешни училишта во минатогодишните игри во училишниот спорт.
Повеќе: Училиштата од Кисела Вода добија нови спортски реквизити
Јавната детска градинка “8-ми Март” од Кисела Вода ќе биде носител на проектот насловен “Скопје низ детските очи”, во чија реализација се вклучени и останатите 17 градинки од територијата на градот Скопје.
За таа цел, на 10.10.2013 година (четврток), со почеток во 10:00 часот на плоштадот “Македонија” ќе се реализира ликовно ателје на кое учество ќе земат по најмалку 10-тина деца од секоја градинка во Скопје, кои заедно со своите воспитувачи, негуватели и случајни минувачи ќе цртаат и творат на тема: “Спомениците на нашиот град”.
Повеќе: Градинката “8-ми Март” ќе го реализира проектот “Скопје низ детските очи”
Во среда, (09.10.2013), во спортската сала “Независна Македонија” (во ОУ “Невена Георгиева – Дуња”), со почеток во 12:30 часот, ќе започне новата сезона на училишниот спорт во Општина Кисела Вода.
На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски и претседателот на Федерацијата на училишен спорт, Александар Туфекчиевски.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.