Новости
На пригоден начин денеска во Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска по трет пат свечено додели ваучери на 52 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош во висина од 6.000 денари.
-“Откако ја донесовме одлуката за доделување на еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари, на секое семејство од општината со принова, за неполни четири месеци доделивме преку 100 ваучери, што говори дека нашата цел, полека но сигурно се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејствата со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни” – порача Беличанец – Алексиќ.
Повеќе: 52 семејства со новороденчиња од Кисела Вода добија еднократна парична помош
Во недела, (29.09.2013), со почеток во 17:00 часот, во паркот “Шопен” (во близина на ОУ “Невена Георгиева – Дуња”) ќе се одржи културниот настан “Ден на музиката на Шопен”, каде со интепретација на делата на Фредерик Шопен ќе настапи проф. Даница Стојанова од МБУЦ “Илија Николовски – Луј” и нејзини студенти.
На настанот ќе присуствува градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претставници на Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Во сабота, (28.09.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на 52 семејства со новороденчиња од општината.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ заедно со раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на јавните претпријатија, вчеравечер ги посетија урбаните заедници “11-ти Октомври-згради” и “Никола Кљусев”.
Жителите на овие населби се заблагодарија на градоначалникот за досега сработеното во овие урбани заедници, но и имаа можност да искажат свои идеи, предлози и сугестии за подобрување на работата на локалната самоуправа во делот на сервисирањето на комуналните услуги.
Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим ги продолжуваат посетите на месните и урбани заедници во општината. Согласно динамичниот план, вечерва општинските претставници ќе имаат средби со жителите на населбите 11-ти Октомври - згради и 11-ти Октомври – бараки.
Први шанса да ги ислушаат проектите на општината и да ги презентираат комуналните проблеми со кои се соочуваат, ќе имаат жителите на населбата 11-ти Октомври – згради, кои во просториите на оваа урбана заедница, со почеток во 18:30 часот ќе можат да присуствуваат на граѓанската средба.
Во 20:00 часот пак, раководниот тим од општината Кисела Вода ќе ја посети урбаната заедница “Никола Кљусев”, во населбата 11-ти Октомври – бараки.