Новости
Работните посети и остварувањето на средби со граѓаните во месните и урбани заедници продолжуваат и оваа работна седмица. Вечерва (07.10.2013), со почеток во 18:30 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим и раководителите на подрачните единици на градските јавни претпријатија ќе ја посети урбаната заедница Црниче, а во 20:00 часот, во просториите на урбаната заедница, ќе одржи средба со жителите на населбата Пржино.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ќе посети 2 месни заедници
На 5-ти октомври (сабота) учениците од основното училиште „Круме Кепески“ ја посетија библиотеката „Браќа Миладиновци“ со цел да учествуваат во хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје“. По тој повод беше организиран отворен ден каде јавни личности имаа улога на библиотекари, со цел паричните средства да се донираат на детската клиника за организирање „Игротека-библиотека“ во која хоспитализираните деца ќе можат да го поминуваат своето време во играње и читање книги.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи за реконструкција на улицата “474” во населбата Бирарија. Реконструкцијата ќе опфати целосно гребење на асфалтот со дебелина од 4 центиметри, нивелирање на шахтите и сливниците на улицата и поставување на нов асфалт со дебелина од 7 центиметри.
Повеќе: Започна реконструкцијата на улицата “474” во Бирарија
Општина Кисела Вода денес се вклучи во националната еколошка акција за расчистување на отпадот од јавните површини, симболично наречена “Македонија без отпад 2013”. Првата ваква голема акција во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Граѓанската асоцијација “Ајде Македонија”, како пилот – проект минатата година се реализираше токму во Општина Кисела Вода, а и годинава оваа акција е дел од глобалната акција „Lets'do it! World 2013“, поддржана од Европскиот парламент, во која се вклучени 107 земји во светот.
Во сабота, (05.10.2013) во Општина Кисела Вода ќе се реализира акцијата “Македонија без отпад 2013”, во која учество ќе земат општинската администрација и граѓаните од општината. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во 10:00 часот на улицата “Петар Делјан” во близина на градинката “Кокиче” (зад Тинекс), ќе даде изјава за медиумите.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.