Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, и со градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски беше во службена посета во Општина Одемиш, Република Турција.
Во рамки на проектот „Отворена спортска недела”, кој се реализира во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, и под покровителство на Агенција за млади и спорт, вчера ученици од ООУ „Партенија Зографски” од општина Кисела Вода, планинареа на Водно.
Од утре до сабота, ЈП „Комунална хигиена“ во соработка со Општина Кисела Вода ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад.
Почитувани граѓани од исламска вероисповед,
Денеска на празнувањето на Вашиот најголем верски празник Рамазан Бајрам, Ви упатуваме честитки со желби за исполнување на молитвите. Посакуваме постојано да бидете среќни, да имате одлично здравје и многу љубов.
И во иднина, празникот да продолжи заеднички да не радува, поврзува, и запознава. Да го шири и јакне пријателството помеѓу припадниците на различните определби, религии и нации.
Честит Рамазан Бајрам!
Имајте среќен празничен ден!
Бајрам шериф мубарек олсун!
На домашен терен, во спортската сала „Независна Македонија“ кошаркарите на КК „Ангели“ со резултат 65-62 ја победија екипата на „Чаир 2030“, и за првпат од постоењето на клубот се пласираа во првата кошаркарска лига.
Повеќе: За првпат КК „Ангели“ од Кисела Вода ќе се натпреварува во првата кошаркарска лига