Новости
Уште една манифестација за промовирање на културата во Општина Кисела Вода. На 07.06.2021 година (понеделник) и оваа година во соработка со Руската амбасада jа одбележавме 222–та годишнина од раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин.
Повеќе: Во oпштина Кисела Вода одбележани се 222 години од раѓањето на Пушкин
Општина Кисела Вода и годинава ја продолжува традицијата на наградување и стимулирање на талентираните ученици и спортисти од основните училишта и наградување на најдобрите просветни работници од основните училишта и јавните детски градинки кои опстојуваат на територијата на општината.
Повеќе: Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките
Општина Кисела Вода по девети пат го реализира проектот „ Мултимедијален хепенинг на отворен простор“во „Паркот Македонија “ во близина на Дом на култура КВК со почеток од 10.30 часот до 11.30 часот во соработка со ООУ на територија на општина Кисела Вода и двете Посебни училишта. Темата на овој хепенинг оваа година е „ Ја сакам мојата општина Кисела Вода “.
Повеќе: Мултимедијален музичко ликовен хепенинг на отворен простор
Пионерките на одбојкарскиот клуб „Јанта Форца Волеј“ од Кисела Вода на финалниот натпревар на пионерската джавна лига на Македонија, во Струмица со 3:0 ја победија екипата на „Пелистер“ од Битола, а во младинската државна лига на Македонија, младинките на финалниот натпревар кој се одигра во населбата Ченто, со 3:0 ги надиграа одбојкарките на „Пелистер“. Пионерките и младинките на „Јанта форца волеј“ станаа државни шампионки.
Повеќе: Пионерките и младинките на „Јанта Волеј“ од Кисела Вода станаа државни шампионки
На ден 29.05.2021 година ( сабота ) општина Кисела Вода во соработка со Извидничкиот одред Методи Митевски- Брицо ќе организираат заеднички настан под мото : ,,Извидници -живот во природа и во заедница “.