Новости
Кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода, вчера на домашен терен, во спортската сала Независна Македонија, на вториот четвртфинален натпревар во втората сениорска лига со огромна резултатска разлика (97:53) ја победија екипата на КК „Тетекс“ од Тетово. Доколку на следниот натпревар „Ангели“ повторно ја победат екипата од Тетово, ќе се пласираат во полуфиналето на втората сениорска лига.
Познатиот македонски ракометар Филип Миркуловски на учениците од четврто одделение од ООУ „Рајко Жинзифов“ од населбата Драчево им одржа онлајн едукативно предавање.
Повеќе: Ракометарот Филип Миркуловски на ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“ им одржа едукативен час
Изминатиот викенд, во рамки на Супер лигата, кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода во СРЦ „Кале“ со резултат 95:50 покажаа дека се подобри од екипата на „Вардар“.
Повеќе: Кошаркарките на „Бадел 1862“ убедливо ја победија екипата на Вардар
Борачите на македонската репрезентација, составена од членови на „Д Стронгест & РООТС БЈЈ“, на меѓународен турнир во граплинг во Србија освоија два златни и два сребрени медали, и се пласираа на четвртото место на табелата.
Повеќе: Македонските репрезентативци во граплинг, во Србија од 47 тимови го освоија четвртото место
Почитувани христијани,
На сите кои денеска по грегоријанскиот календар го прославувате најрадосниот христијански празник Христовото воскресение, Општина Кисела Вода Ви упатува честитки со многу желби за среќен живот. Најпрво Ви посакуваме да имате одлично здравје, посакуваме љубовта да биде присутна насекаде околу Вас, да бидете исполнети со радосни мигови, и да имате напредок на сите полиња.
И во иднина, овој убав празник без разлика на припадностите и определбите, да ни носи радост и да го зајакнува заедништвото во нашата држава.
Христос воскресе!
Навистина воскресе!
Нека е честит и среќен Велигден!