Новости
Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска во соработка со Општина Кисела Вода спроведоа крводарителска акција.
Повеќе: На крводарителската акција во Општина Кисела Вода собрани се 18 единици крв
По опожарувањето на куќа во населбата Драчево, денеска сезонските работници на Општина Кисела Вода, на ул. „Ниџе планина“, извршија целосно расчистување на повеќе од два тони опожарена покуќнина и други остатоци.
Со низа настани, општина Кисела Вода годинава ќе го прослави патрониот празник, 6-ти Мај - Ѓурѓовден. Иако состојбата со Корона кризата и годинава го усложни чествувањето на празникот на пролетта, а воедно и патронен празник на општината, сепак општина Кисела Вода ќе одржи неколку традиционални манифестации.
Повеќе: Општина Кисела Вода со дводневни активности ќе го одбележи патрониот празник
Согласно Законот за основното образование започна уписот на првачиња за учебната 2021/2022 година во сите општински основни училишта на територијата на општина Кисела Вода според предвидениот план и програма
Почитувани православни верници,
На денешниот најголем и најрадосен христијански празник Велигден, денот на Христовото воскресение Ви упатуваме честитки со желби за одлично здравје, среќа и љубов. Посакуваме постојано да бидете исполнети со безброј среќни мигови.
Велигденското празнување да продолжи да не потсетува на тоа дека треба да си простуваме, а и да им помагаме на немоќните. Хуманоста да ни биде секојдневие.
Христос воскресе!
Навистина воскресе!
Нека е честит Велигден!