Новости
Светскиот ден на свесноста за аутизмот ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ го одбележа со повеќе едукативни онлајн активности.
Повеќе: Светскиот ден на свесноста за аутизмот одбележан во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“
Под мотото „Да е подобра од лани“, ООУ „Рајко Жинзифов“ од општина Кисела Вода со повеќе едукативни активности го одбележа својот патронен празник.
Повеќе: Патронатот на ООУ „Рајко Жинзифов“ одбележан со многу еколошки активности
Изминатиот викенд, во неделата, ЖОК „Јанта Волеј - Кисела Вода“ со победата над екипата на „Вардар жени 2019“ со 3:1 (25:18, 25:23, 20:25 и 26:24 во сетови), на одбојкарското финале во Струмица, за првпат го освои Купот на Македонија.
Повеќе: Одбојкарките на „Јанта Волеј-Кисела Вода“ го освоија Купот на Македонија
Во СРЦ „Кале“, во рамки на последното коло од групата Запад, вчера кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ , со голема резултатска разлика 69:43 (14:10, 15:12, 12:14, 28:7) ја совладаа екипата на ЖКК „Работнички“.
Одбојкарките на „Јанта Волеј - Кисела Вода“ вчера на дерби натпреварот од деветтото коло од втората фаза во најсилната македонска одбојкарска конкуренција, на гости со резултат 3-1 (25-23, 27-25, 20-25 и 25-15 по сетови) ја победија екипата на „Работнички – Скопје“. Со победата, сениорките на „Јанта Волеј“ се искачија на првото место на табелата во првата лига, и остануваат да бидат единствен клуб со 13 победи и два порази.