Articles

Светски ден на мочуриштата СДМ 2019: Мочуриштата и климатските промени

Секоја година, на 2-ри февруари, се прославува светскиот ден на мочуриштата (СДМ) во чест на потпишувањето на Рамсарската конвенција во Иран, 1971 година.

„Мочуриштата и климатските промени“ е темата за СДМ 2019, и има за цел да ја нагласи важната улога на мочуриштата, како природни решенија, кои лесно се прилагодуваат и го ублажуваат влијанието на климатските промени.

Денес, економијата, здравјето на луѓето и природните екосистеми се соочуваат со еден од најитните проблеми: климатските промени. Екосистемите на мочуриштата се сериозно погодени од влијанието на климатските промени, како што се зголемување на нивото на морињата, белеењето на коралите, хидролошките ефекти, промените на температурата на водите и промените во достапноста и квалитетот на водата.

 

Влијанието на климатските промени врз Медитеранските мочуришта

 

            Мочуриштата се сериозно погодени од социо-економските притисоци, како и од климатските промени, што резултира со деградација на биолошката разновидност, екосистемите и истовремено негативно влијае и врз човековите заедници, особено на оние кои живеат покрај крајбрежјето. Влијанијата на климатските промени се особено значајни во медитеранскиот регион, бидејќи крајниот резултат ќе биде намалување на отпорноста на екосистемите во регионот.

            Резултатите за одржливи медитерански мочуришта, објавени во медитеранската опсерваторија за водни растенија (MWO), кои функционираат под закрилата на “ Tour du Valat”и “MedWet”, се:

  • 95% од мочуришните локалитети, во кои живеат повеќе од 50000 птици, се крајбрежни и им се заканува потопување, поради зголемувањето на нивото на морето;
  • Пиринејскиот и Балканскиот полуостров, како и Блискиот Исток, се региони што најверојатно ќе изгубат најголем број на мочуришни видови, како резултат на климатските промени.

 

Улогата на мочуриштата во справувањето со климатските промени

 

            Мочуриштата, особено крајбрежните, се особено важни во борбата за ублажување на климатските промени, бидејќи тие помагаат во управувањето со екстремните временски услови, преку повеќе услуги кои ги обезбедуваат. Функционирањето на влажните зони вклучуваат складирање на водата, надополнување на подземните води, заштита од бура, ублажување на поплавите, стабилизација на брегот, контрола на ерозијата и задржување на јаглерод, хранливи материи, седименти и загадувачи.

 

Апсорбирање и складирање на јаглерод

 

            Областите со мочуришта, а особено областите со тресет, имаат големо значење во складирањето на јаглеродот. Според Рамсарската конвенција, се проценува дека областите со тресет содржат најмалку 550Гт јаглерод, што претставува двапати повеќе од количината која се складира во светските шуми.

            Иако, покриваат само 3% од површината на нашата планета, тие содржат 30% од јаглеродот во почвата.

Намалување на поплавите

 

            Мочуриштата, како што се мангровите, солите и коралните гребени, играат клучна улога во контролирањето на поплавите и ширењето на водните тела. Благодарение на нивната вегетација, како што се дрвата и корените, влажните зони дејствуваат како пропустливи бариери кои ги забавуваат брановите, ги намалуваат поплавите и нудат природна заштита за крајбрежјата.

            За време на обилните врнежи, мочуриштата, поплавните подрачја, областите со тресет и лагуните, делуваат како природни сунѓери. Тие ги апсорбираат врнежите, чуваат вода во почвата или ја задржуваат истата на површината. Овој капацитет за складирање директно влијае врз поплавите, но исто така, и ја намалува ерозијата.

 

Заштита од суша

 

            Мочуриштата се важен извор на вода, вклучитечно и на оние места каде ресурсот е низок.

            Локалната популација, како и животинскиот и растителниот свет имаат корист од мочуриштата, кои имаат улога на снабдувачи на вода. Мочуриштата дозволуваат водата да стигне до подземните води кои се користат за пиење т.е бунари, правејќи го ресурсот достапен во сушни периоди. Така што, областите со мочуришта се клучни за надополнување на подземните води, но и на еко-системите им овозможуваат да се справат со сушата. Со истиот овој процес, со ослободувањето на подземната вода, мочуриштата им помагаат на реките во нивниот проток, како и во периодите кога е намалено количеството на врнежи.

            Овие енормно вредни функции, нудат цврсти докази дека инвестирањето во природните решенија се економичен начин на зголемување на еластичноста на ранливите области и заедници од климатските промени.

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место https://t.co/fWAhJuO63W
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации https://t.co/gwSgAJ6q1q
O_KiselaVoda Велемајсторите Кутиров и Јаќимовиќ одиграа симултанка во Кисела Вода https://t.co/oo0XRaHz9G