Учениците: Теодора Спасовска 8-5 одделение, Невенка Спасовска 8-5 одделение, Ева Наумоска 8-5 одделение, Весна Тасевска 8-5 одделение и нивниот одделенски раководител, Татјана Пеливанова, професор по македонски јазик, имаа чест да бидат зачленети во библиотеката од г-ѓа Маја Иванова. Учениците ја разгледаа библиотеката и се запознаа со библиотечниот фонд, ја следеа претстава на театар на сенки, следеа литературно читање, ја посетија детската креативна работилница „Мали креативци”, а се фотографираа со омилениот писател Горјан Петревски, со групите: Пеперминт, Нокаут и со други видни личности.
Коментари