Насловна
Жители на општина Кисела Вода, претставници на општинската администрација, советници, претставници на месните и урбаните заедници од општината, денес беа дел од акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
34 хумани луѓе, денес, во Големата сала на општина Кисела Вода, даруваа од оваа драгоцена течност и со тоа ја изразија својата хуманост и солидарност. Крводарителската акција е традиционална и се одвива неколку пати годишно. Истата, се одржува под мотото“Вашата крв спасува живот”.