Насловна
Денес, во просториите на општина Кисела Вода, во организација на оваа локална самоуправа во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центарот за вработување и Министерството за труд и социјална политика се одржа информативна средба со невработените лица и работодавачите од овој дел на градот.
Тимовите од гореспоменатите институции промовираа мерки за зајакнување на капацитетите на фирмите со цел да се зајакне соработката меѓу локалните бизниси и институциите. Воедно, на невработените лица им беа презентирани достапните мерки и поволности кои би им помогнале да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.