Насловна
По добиено известување од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, општина Кисела Вода, информира дека утре во периодот од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Невена Георгиева – Дуња“, од 09:00 до 11:30 часот корисниците од ул. „Михаил Чаков“ со бр. 100 и 102, а од 08:30 до 15:00 часот без електрично напојување ќе останат корисниците од ул.„Герника“ со подулиците на патот кон Тулана, подулиците 3, 5, 7, 9, 11 и 13 од ул. „Ратко Митровиќ“ и делот од Драчево кон с. Долно Лисиче пред пругата во општина Кисела Вода.
Прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат поради технички зафати во електросистемот.