Насловна
Дечињата од општина Кисела Вода го прославија првиот ден на пролетта.
Организирано, заедно со своите родители и учителки од градинката „Весели Цветови“, садеа цвеќе и ги разубавуваа дворовите во објектите. Настанот се одвиваше под мотото „ Цвеќе за мојата градинка“.
Истиот е вовед во претстојните случувања кои оваа детска установа ги организира по повод својот патронат. Годинава градинката „Весели Цветови“ одележува 71 година од постоењето.