Насловна
На ракометниот турнир ,,Ѓурѓовден 2016“ во женска конкуренција триумфираше екипата на ОУ ,,Круме Кепески“.
Во текот на целиот турнир екипата на тренерот Игор Зафировски беше доминантна, а својот квалитет го потврди и во финалната средба победувајќи го тимот на ОУ ,,Кузман Шапкарев“ со 15:7. Третото место на турнирот го освои екипата на ОУ ,,Невена Георгиева - Дуња“.
Инаку, со завршувањето на овој турнир, практично заврши 20 дневната спортска програма на организирање на спортски турнири за ,,основци“ по повод ,,Ѓурѓовден“ патрониот празник на Општината.