Насловна
660 првачиња од општина Кисела Вода денес свечено беа примени во Детската организација.
На манифестацијата која е во рамките на Детската недела, присуствуваа ученици, наставници и родители, кои со своето присуство го збогатија самиот настан.
Учениците на повеќе пригодни начини се претставија пред присутните со литературно читање, хорски и танцови изведби, презентација на детските права и должности, творење на дадена тема посветено на детето, а се одржа и дискусија на тема „Детето во Светот и кај нас“.
Првата седмица на месец октомври е седмица посветена токму на дечињата од целиот свет. Тоа е недела, која почнува со Светскиот ден на детето и која не обврзува да го свртиме целото свое внимание кон децата.