Насловна
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 11 октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ. На овој ден пред точно 75 години, македонскиот народ се крена на вооружено востание против фашистичкиот окупатор, востание со кое отпочна сенародната борба за слободна Македонија. Со својата вооружена борба, македонските борци дадоа голем придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.
Нека ни е честит и вековит 11 октомври - Денот на народното востание против фашизмот !
Да живее Република Македонија!