Насловна
Во првиот месец од годината, на спортски план, се сумираат спортските резултати на клубовите, реализирани во минатата година. Во општината Кисела Вода, приматот најуспешни им припадна на женските шампионски клубови на кошаркарскиот клуб Бадел 1862 и одбојкарски клуб Јанта Волеј. И, двата клуба своите тренинзи и натпревари ги реализираат во спортската сала ,,Независна Македонија“. Оттука, општината Кисела Вода, направи вистински избор,што во минатата сезона ги спонзорираше шампионските екипи на ЖКК Бадел 1862 и на ЖОК јанта Волеј.
Повеќекратниот шампион ЖКК Бадел 1862, во минатата година ја одбрани шампионската сениорска титула а ги одбрани и титулите во младинска и јуниорска конкуренција за кошаркарки до 18 и 16 години, без претрпен пораз. На меѓународната сцена ЖКК Бадел 1862 зема учесттво во елитното регионално кошаркарско натпреварување АБА лига во сениорска и во кадетска конкуренција за кошаркарски до 15 години. Во сениорска конкуренција, иако, кошаркарките на македонскиот шампион, играа со далеку побогати клубови со милионски буџети од Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Словенија, може да се дефинира, дека, сепак го дадоа својот максимум. Со сите противници беа рамноправни во поголениот дел од натпреварите, но немањето квалитететни замени за главните играчи, спортски кажано ,,тенката“ резервна клупа придонесе, противниците да забележат победи. Останува стручниот штаб, да направи анализа, и од година во година да ја надградува и усовршува играта со нови таленти, со засилена анимација на женската кошарка во Македонија. Во организациона смисла, пак, ЖКК Бадел 1862 доби епитет на добро организиран клуб со јасна цел, дека, треба да ги надградува и усовршува условите за работа.Дека клубот има цврсти основи и, дека, сериозно размислува за иднината говорат големите спортски резултати на младинските категории. Имено, на домашната сцена подмладокот на ЖКК Бадел 1862 е неприкосновен, додека, за кошаркарки до 15 години во натпреварите во АБА лигата ЖКК Бадел 1862со учинок од пет победи и два порази, обезбеди пласман во четвртфиналето. Во традиционалниот годинешен избор на КФМ, ЖКК Бадел имаше шест номинации во женската кошарка, и на исто толку успеа да победи. Сениорската и младинската екипа на КК Бадел 1862 се прогласени за најдобри екипи, нивните тренери Перо Стамески кај сениорските и Анета Глигорова во младинска конкуенција се проглсени за најдобри тренери. Приматот најдобра кошаркарка го понесе Нена Трајчевска, додека во младинска конкуренција сите почести ги освои Матеа Николиќ.
-,,Ако се направи кратка ретроспектива на постигнатите резултати во изминатата година, треба да се истакне, дека, сме задоволни од постигнатото. На домашен план освоивме се што можеше да се освои. Додека за игрите во регионалната,, АБА“- лига, не сме задоволни резултатите, но, секако, дека, треба да се стави акцентот што клубот во едно такво професионално друштво на познати богати клубови, го стекнува потребното искуство. Во младинска конкуренција, пак, за кошаркарки до 15 години, со истите кошараксрки гиганти, успеавме да се пласираме во четвртфиналето. Тие се нашата перспектива. Во организационен план полека но сигурно се стабилизираме. Спортската сала ,,Независна Македонија,, во ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ стана наш нов кошаркарски дом, додека, наш спортски партнер и еден од спонзорите стана и општината Кисела Вода. Се радувам, дека, со Општината работиме на новиот проект ,,Спорт за секое дете“, тој би требало да стартува за два месеци, па оттука, гледам светла перспектива за нашиот клуб, потенцираше, Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.
,,Продолжуваме шампионски“-вели Горан Јањевиќ тренерот на ОК Јанта Волеј,
ЖОК Јанта Волеј, во минатата сезона во сениорска конкуренција стана државен шампион. Во текот на минатата и почетокот на новата сезона,, клубот под раководство на репрезентативниот селектор Горан Јањевиќ импресионираше со одиграни квалитетни првенствени натпревари. Тоа се должи на одговорната професионална работа на тренажниот процес, која со многу дисциплина, буквално се отсликува и спроведува во сите категории. Во минатата сезона младинките на ОК Јанта Волеј беа втори, кадетките се закитија со златниот медал, додека пионерките беа трети. Во новата сезона (2016/2017 година) во есенскиот дел, ЖОК Јанта Волеј, буквално ,,растури“ во сите натпреварувачки одбојкарски категории. Во сениорска конкуренција на седум средби во лигата, ОК Јанта Волеј постигна исто толку победи, Во младинска , кадетска и пионерска конкуренција избраничките на Горан Јањевиќ, по турнирски системи, се убедливо најуспешни.
- Ако клубот во минатата година ја освои шампионската титула, и во новата сезона по есенскиот дел, во сите натпреварувачки категории е доминантен со само еден изгубен натпревар и тоа во пионерска конкуренција, тогаш безусловно треба да се истакне, дека, минатата 2016 година беше повеќе од успешна за ЖОК Јанта Волеј, истакна претседателот и тренерот на клубот Горан Јањевиќ, и продолжи - Несомнено е, дека, со работа и труд во изминатите години изградивме спортски клубски систем кој од година во година треба да се надоградува. Продолжуваме шампионски. За нашите постигнати врвни резултати, голема улога одигра и нашиот спортски партнер и еден од спонзорите на клубот општината Кисела Вода. Имаме одлична соработка со одделението за спорт на Општината. Секојдневно комуницираме и заедно се надополнуваме во делот на подобрувањето на условите за работа. Всушност, повеќето од одбојкарките во сите категории се од општината Кисела Вода. И, тоа е добро за клубот и Општината. Размислуваме и за перспективата на клубот, но и за перспективата на одбојката и спортот воопшто во општината Кисела Вода. Во иднина, треба да реализираме повеќе проекти а крајниот бенефит бездруго ќе го имаат децата од основните училишта кои гравитираат во општина Кисела Вода, - меѓу другото истакна Горан Јањевиќ тренерот на ОК јанта Волеј и актуелен селектор на женската одбојкарска репрезентација на Македонија.