• Кисела Вода меѓу најуспешните

    Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ,доделија нови 50 решенија за легализација на дивоградби.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Отворена градинка во Црниче

    Градинката “Перуника” е првиот јавен објект кој за греење користи биомаса

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

 

 

Насловна

Реконструираното ЦОУ “Круме Кепески” ги чека новите ученици

80 нови првачиња оваа есен ќе започнат со настава во ЦОУ “Круме Кепески” во Кисела Вода. Објектот кој во текот на изминатата година беше темелно обновен од страна на Општина Кисела Вода, е подготвен да ги прими учениците.

 

Имено, најпрво, беше спроведена детална енергетска контрола. Беше утврдено дека објектот кој е изграден во 1962 година, е во навистина незавидна состојба. Кровот имаше поприлично оштетени азбестни плочи, па честопати се случуваше при поројни дождови да прокиснува, па  внатре во самиот објект, посебно во зимските услови да се чувствува влага. Општина Кисела Вода инвестираше во изработка на проект за енергетска обнова, по што во ЦОУ “Круме Кепески” беше извршена замена на постојните со нови прозори, изведба на нова фасадна топлинска изолација, замена на постојниот кровен покрив и топлинска изолација на кровната плоча.

Инвестициите во подобрување  на условите за учениците продолжија со реконструкција на санитарните јазли во училишниот објект. Беше поставена нова санитарија, плочки, врати, нова водоводна инсталација и одводни цевки, како и штедливи лед арматури за осветлување.

Во учебната 2016-2017 година, во ова училиште настава посетуваа 762 ученици.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Работилница за лица со посебни потреби во ООУ „Кузман Шапкарев“ https://t.co/Vr1LDA6zzy
O_KiselaVoda Ќе се собира кабастиот отпад во општина Кисела Вода https://t.co/hCawcNLFKD