• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода

    Градоначалникот Филип Темелковски денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈДГ „8 Март“.

  • Подобрени условите за дечињата во градинката “Сончоглед”

    Завршена е првата фаза од реновирањето на објектот на градинката “Сончоглед” во населбата Кисела Вода

 

 

Насловна

Сара Мејс одржа спектакуларен концерт во Драчево

Уникатната македонска поп ѕвезда Сара Мејс, синоќа одржа спектакуларен концерт во Паркот на бранителите во населбата Драчево.

Сара Мејс пред неколку години со својата појава донесе освежување на македонската сцена. Со изведбата на нејзиното прво авторско дело “Врне врне“ стана едно од најпопуларните музички имиња во нашата земја. Инаку, Сара Мејс е мултиталентиран уметник, дипломирана харфистка со неверојатно квалитетен вокал. Покрај ова има завршено поп и џез пеење со специјализација композиција, а свири и клавир.

Со својата уникатност и моќен глас Сара Мејс синоќа на сцената ги донесе светски познатите хитови: Je veux, Happy, The Time is now, Despasito...,  хитови со кои направи незаборавна забава. Од сцената прозвучеа и нејзините големи хитови “Врне врне“, “Намбареја“ и “Пеперутки“ кои ја воодушевија публиката и оставија белег на синоќешниот концерт.

Сара Мејс со својот моќен глас, харизма и позитивна енергија докажа и покажа зошто е миленик на публиката.

Овој концерт беше уште еден во низата незаборавни концерти кои се одржаа во рамки на Културното лето “Три круши 2017“, кое е во организација на Општина Кисела Вода. За потсетување, посетителите на Културното лето “Три круши 2017“, од почетокот на месецов имаа можност да уживаат и во одличниот настап на македонските фолк ѕвезди Наум Петрески и Зуица Лазова со чиј концерт се отвори оваа манифестација. Културното лето со својот настап го збогатија членовите на етно составот “Чалгија Саунд Систем”, како и миленикот на публиката Миле Кузмановски. Од летната сцена на верско - рекреативниот центар “Три круши“ прозвучеа и “Дипломатик бенд“ , тамбурашкиот оркестар “Ѓезме“, како и популарното македонско дуо “Силви Бенд“.

Кулурното лето “Три круши 2017“ продолжува и следниот викенд, кога и официјално завршува оваа манифестација. Публиката во петок ќе има можност да ужива во настапот на членовите на КУД Китка од Драчево, а веќе во сабота посетителите ќе имаат можност да уживаат во концертот на една од најквалитетните македонски фолк ѕвезди Сузана Спасовска со чиј концерт ќе се затвори овогодинешната културна манифестација “Три круши 2017“.

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Започна големата акција за чистење на Кисела Вода https://t.co/EozntOi7Tv
O_KiselaVoda Овој викенд, шест спортски натпревари на клубовите од Општината https://t.co/eRqZnD4d56
O_KiselaVoda Утре ул. „Иван Козаров“ без струја https://t.co/CnTaSzio37