Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре од 08 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат жителите од улицата „Христо Татарчев“, од крак број 1 до крак број 11, исто така без вода ќе останат и корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ од крак број 4 до крак број 12.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, соопштија дека прекинот со водоснабувањето ќе биде поради отстранување на појавен дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на улицата „Христо Татарчев“ бб.